Снежана Караџовска – Попова од Охрид. проф по солфеж и историја на музика во ДМУ Тодор Скаловски Тетоец во Струга, музички едукатор за деца од предучилишна возраст во Музичко Катче и оснивач и актер во Куклениот театар Си беше еднаш. Благодарам од срце за честа да споделам нешто за мојот роденден. Секој проживеан ден е успех самиот по себе, така што му благодарам на Господ што сум здрава и жива, му благодарам за моето прекрасно семејство и ...

Симона Калајџиска, дипломиран електроинженер, сопственик на приватната градинка “Лилипут Дворче” во Скопје. Родендените секогаш ги одбележувам во кругот на семејството, сопругот Горан и двете деца Михаил и Софија, кои секогаш ми подаруваат љубов и внимание, бидејќи каде животот почнува, љубовта никогаш не завршува. Покрај семејството максимално сум посветена на мојата работа во градинката, каде што со максимален труд во овие вондредни ...

Јасна Стојаноска, водител на австралиската ИН ТВ. Роденден е денот кој го чекаме цела година… Овој ден е посебен за мене и има огромно значење, особено поради тоа што сум родена на Водопост, ден пред големиот христијански празник Водици. Оваа година поради моменталната ситуација со Ковид-19, роденденот ќе го прославам во кругот на најблиските. За мене годините се само бројка и нека се множат во здравје, среќа, мир и љубов. Истото им го ...

Весна Јованоска, вработена во Општина Охрид, Одделение за култура и културно наследство и водител во Ин ТВ сателитска телевизија. Секоја година ни е подарок! Секој роденден ни е благослов! Секој роденден иста и секој роденден нова желба. Онаа, истата желба е универзалната желба на секој од нас, да сме здрави, живи и сите на број и да имаме благослов да славиме уште многу родендени. А, за овој мој роденден мојата желба е секој нареден ден да ...