Премиерот Христијан Мицкоски попладне ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16.45 часот, а доаѓа откако Мицкоски даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации. Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски. Во изјава за медиумите премиерот рече дека понудата е на маса повеќе од една година и ...

Синдикатот на УПОЗ потврди дека в четврток во 16.45 часот во Владата ќе седнат на маса за преговори во врска со барањата на Синдикатот за зголемување на платите на вработените во управата и правосудството. Од Синдикатот на УПОЗ, меѓу другото, посочуваат дека Владата, според нив, веднаш излегла со понуда за зголемување на платите на работниците во управата и правосудството по протестот одржан на 28 јануари. – Нагласуваме дека вработените имаат ...

Денеска, после скоро две години преговори, се уважи барањето на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), вработените во управата и правосудството да добијат зголемување на своите плати за 40%, информира од Синдикатот. „На средба со претставниците на Владата беше договорено да се потпишат колективни договори на ниво на работодавач, а опфатот се однесува на 11.000 вработени во управата и ...

Според него, Владата ги има исполнето своите обврски со тоа што постигнала договор со Синдикатот на УПОЗ и со Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) за зголемување на платите на околу 11 000 административци од скоро 40 отсто до 2028 година Премиерот Христијан Мицкоски смета дека денешните протести на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и блокадата на Собранието имаат политичка заднина. Според него, ...