Одбојкарките на ОК Младост УГД ставија крај на импресивната победничка серија на ОК Наковски волеј, откако попладнево во Штип славеа со максимални 3:0 (25:22, 28:26, 25:13) во последниот натпревар од 15. коло во Првата лига – жени. Струмичанки цели пет месеци, односно 14 кола, беа недопирливи за конкуренцијата во домашниот шампионат. Ниту еден тим не успеа да ја пронајде вистинската „формула“ за нивно запирање – сè до денешниот дуел во Штип. ...
Штип, 1.март 2026 (МИА) – Одбојкарките на Младост УГД се екипата која успеа да му го нанесе првиот пораз на лидерот Наковски Волеј и тоа со убедливи 3:0 во сетови пред својата публика во Штип. Во дербито од 15. коло девојките на Кристина Лазаровска покажаа решителност, борбеност и мотивираност да му застанат на патот и да му го зададат првиот „удар“ на Наковски Волеј. Вардар ЕМ, пак, во градското соочување со Фит Фан Волеј, славеше со 3:0, ...

