Потребни се радикални промени во институциите и зголемување на професионалноста и во полицијата и кај социјалните служби за навремено препознавање и соодветна реакција за заштита на жртвите од насилство. Нема повеќе простор за изговори и префлање на одговорноста од една на друга институција, беше кажано во вечерашната „Топ тема“. Македонија е прва држава на Балканот што го криминализираше фемицидот, но и на врвот во Европа според бројот на ...

На иницијатива на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се одржа тркалезна маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“. На настанот учествуваа претставници на институции од судската, обвинителската и безбедносната сфера, експерти, како и претставници на граѓански организации и невладиниот сектор. Министерот Тошковски нагласи дека семејното и родово ...