За дури 50 проценти големите компании ќе ги намалат трошоците доколку повторно се воспостави карго транспортот преку железницата за извоз на производи и увоз на суровини во Пелагониско. Во услови на енормни цени на горивото, железничкиот транспорт е повеќе од добредојден. Владата вели дека оперативниот план ќе биде во функција за 6 до 12 месеци што за компаниите е бавно. Стопанствениците бараат да се забрза процесот за да има ефекти. ...
Заштеда и до 50% во транспортните трошоци очекуваат дел од поголемите прилепски компании доколку во Прилеп и Пелагонија повторно стартува железничкиот карго сообрачај кој веќе наголемо се најавува и разгледува од страна на Владата. Најголем проблем во моментов за компаниите се ценовните шокови и постојани варијации на нафтата и другите реагенси и деривати. „Цената на транспортот се зголемува секојдневно, така да овој состанок беше добредојден ...

