Хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ и натаму е во потрага по ангажман и клуб во кој ќе игра, и така ќе остане во форма пред престојното Светско првенство кое ќе се одржи идното лето. Хрватот беше пред „кам-бек“ во Динамо, но хрватските медиуми јавуваат за пресврт во преговорите, по што чуварот на мрежата го напуштил Загреб, и се вратил назад во Шпанија, во Џирона. За да се врати во Динамо, Фенербахче бара дел од парите, а исто ...

Доминик Ливаковиќ, хрватскиот репрезентативен голман е се поблиску до заминување од Џирона и враќање во Динамо Загреб, клубот за кој настапуваше со успех пред да се пресели во Фенербахче. За 31-годишникот Хрват нема место во Џирона, оваа полусезона воопшто не забележа и настап, а се чини дека и така ќе остане до неговото враќање во Загреб судејќи по зборовите на неговиот тренер Мичел. „Ливаковиќ се врати по празниците и ќе биде дел од ...