Силните снежни врнежи попладнево донесоа нови рестрикции за сообраќајот на планинскиот превој Стража. Поради влошените временски услови, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево, како и во обратна насока. Од јавното претпријатие „Македонијапат“ информираат дека мерката стапила на сила од 17 часот, со цел да се избегнат застои, сообраќајни незгоди и дополнителни компликации на терен. Стража важи ...
Поради излевање на Вардар од синоќа воведена е забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране во село Форино. Сообраќајот се пренасочува од село Старо Чајле кон село Форино. Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради обилни врнежи од снег од 6:50 часот е воведена забрана за сообраќај на камиони на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, соопшти ЈП „Македонија пат“. „Врнежи од снег со променлив интензитет има и на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. Сите патни правци во државата се проодни. ...

