Куманово, 29 мај 2026 (МИА) - Тринаесетгодишно дете од кумановско загина во сообраќајна несреќа, што се случи синоќа на регионалниот пат Куманово-Скопје во село Черкези. Сообраќајната несреќа, како што наведуваат од СВР Куманово, се случила помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од дваесет и четиригодишниот Ф.С. од Куманово и електричен тротинет управуван од тринаесетгодишниот малолетник од село Черкези. ...

