По повод празникот Бадник, вторник, на шести јануари ќе се одржи вечерна богослужба во манастирот Свети Меркуриј во битолското село Барешани, информираат од манастирот. „По повод Бадник, на 06.01.2026 (вторник) ќе се одржи вечерна богослужба со почеток од 17:00 часот во манастирот Св. Меркуриј и ќе има литија до црквата Св. Димитриј и ќе се делат бадникови гранчиња и поклончиња за деца до седум годишна возраст, а на 07.01.2026 (среда) Божиќ ...
Верниците денеска се собраа на божиќна литургија во Манастирот Свети Меркуриј во битолското село Барешани. „Раѓањето Твое, Христе Боже наш, светот го озари со светлината на разумот; преку неа, служителите на ѕвездите се учеа од ѕвездата, да Ти се поклонуваат Тебе Сонце на правдата, и да Те познаат, Истоку од висините: Господи, слава Ти. ХРИСТОС СЕ РОДИ!“-порачаа од манастирот. Верниците денеска се собраа на божиќна литургија во Манастирот ...

