Кол Томас Ален, напаѓачот кој пукаше за време на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во хотелот „Вашингтон Хилтон“, бил вооружен со пушка, пиштол и неколку ножеви, а според очевидци, можно е оружјето со долга цевка да го составил непосредно пред нападот, во необезбеден простор на влезот во салата. Според „Њујорк пост“, пукањето се случило на влезот во балската сала на хотелот, во просторот на последната безбедносна проверка ...

Вршителот на должноста шеф на полицијата во Вашингтон, Џефри Керол, денес изјави дека човекот кој отворил оган на контролниот пункт на Тајната служба во хотелот Хилтон во тој град, каде што се одржувала вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа на која присуствувал американскиот претседател Доналд Трамп, имал неколку оружја. Керол изјави дека напаѓачот бил гостин во хотелот каде што се одржувал настанот, објави Би-Би-Си. „Тој беше ...

Напаѓачот кој отвори оган пред балската сала каде што престојуваше американскиот претседател Доналд Трамп, им кажа на полицајците по апсењето дека сакал да пука во претставници на администрацијата на Трамп. Ова го објавува CBS News, повикувајќи се на два извори од истрагата. Официјалните лица сè уште јавно не го објавија мотивот за нападот, но првите детали за осомничениот и самиот инцидент почнаа да се појавуваат по пукањето во хотелот ...