Бројот на евакуирани по поплавите во Кичево од 180 се зголеми на 220 лица, информираа денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од таму информираат дека на улицата “Прилепска“ е регистрирано најголемо поплавување на куќи. Евакуираните се сместени во спортската сала “Христо Узунов“, а заезерувања има и на улицата “29 Ноември“ во населбата Подварош, каде се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. ...

Екипа на Јавното претпријатие „Комуналец“ и локалната Територијална противпожарна единица, според Центарот за управување со кризи (ЦУК), работат на испумпување на водата од подрумите на улиците „Прилепска“, „Пиринска“, „Први Мај“ и „29 Ноември“ во Кичево Состојбата со поплавите кои викендот погодија повеќе региони во државата, како последица од поројните врнежи од дожд, останува непроменета, а надлежните служби и понатаму се терен, каде што ...