Доктори од 8-ми Септември и Клиниката за дерматологија, сопственици на приватни ординации, цариник и организатори и дистрибутери на нелегално увезени ботокси и филери се меѓу уапсените во акцијата на обвинителството и полицијата. Уапсени се четиринаесемина, а полицијата поднела кривични приојави за вкупно 19. Дел од приведените се и блиски роднини кои знаеле за нелегалните активности, но и учествувале во крминалот и дома ги чувале ...
Нелегални ботокси и филери, увезени без одобрение, без упатства и без налепници, завршувале кај пациенти во Македонија, а акцијата што на 23 и 24 април ја спроведоа МВР и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори многу поширока слика од обична полициска хроника. Во претреси на повеќе локации во Скопје, Битола и Струмица беа лишени од слобода 14 лица, а поднесени се кривични пријави против 19 физички и шест правни лица. ...

