Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска ја обвини Украина дека планира да го дестабилизира унгарскиот енергетски систем и нареди распоредување на војници и опрема за заштита на критичната инфраструктура. Тој во видео објавено на Фејсбук повтори дека затворањето на нафтоводот „Дружба“ е од „политички, а не технички причини“, потенцирајќи оти разузнавачките извештаи укажуваат на можно понатамошно нарушување на енергетскиот систем на ...