Не може да има победник во вооружен конфликт околу Иран, изјави кинескиот амбасадор во Москва, Џанг Ханхуи, во интервју за ТАСС, нагласувајќи дека Пекинг инсистира на политичко решение и итно смирување на кризата. Кинескиот дипломат потсети дека Пекинг и Исламабад заеднички предложиле план од пет точки за запирање на борбите и стабилизирање на ситуацијата. Планот, рече тој, предвидува итно прекинување на огнот, започнување мировни преговори, ...

Успешна средба на првите луѓе на двете најмоќни економии на светот и најава за нова во септември. По средбата со американскиот колега Доналд Трамп, кинескиот претседател рече дека постигнале голем напредок. Шји им вети поширока соработка на директорите на американските компании што во Пекинг отпатуваа заедно со Трамп. Илон Маск, Џенсен Хуанг и Тим Кук беа дел од американската делегација, а тоа беше причина акциите на нивните компании да ...