Утре во дворот на ООУ Гоце Делчев во Вељуса за првпат ќе се одржи првото издание на манифестацијата „Црешијада“ за што организациониот одбор изминативе денови интензивно работеше за негова реализациј. Според најавите на самата манфиестација ќе има многу музика, забава но и специјалитети од цреши. Паралелно посетителите ќе имаат можност да купат од прва рака и вкусни ,,вељушки цреши“ чии квалитет надалеку е познат. ,, Ќе биде доста интересно ...
Во струмичко Вељуса се одржа првата ЦРЕШИЈАДА која имаше за цел да го привлече вниманието на македонската јавност а посебно на откупувачите бидејки откупните цени на црешите се најголем проблем на производителите. Илјадници гости од сите делови на Македонија беа присутни на манифестацијата. Сите купуваа цреши но и дегустираа специјалитети како баклава, пити и мафини со цреши а секако беа тука и домашните компоти и сокови од цреша. За ...
Во струмичкото село Вељуса викендов се одржа манифестацијата „Црешијада“, која собра голем број посетители од цела Македонија. Настанот беше спој на традиција, култура и вкусни производи од цреши, а организаторите велат дека се изненадени од интересот. „Преполно е, јас сум сериозно многу позитивно изненаден од тоа што луѓето сакаат да ја негуваат и чуваат традицијата. Она кое што со денешната манифестација сакаме да го покажеме е дека во ова ...

