Во понеделник Регулаторната комисија за енергетика треба да ги утврди новите највисоки малопродажни цени на горивата во Македонија. Возачите повторно ќе чекаат дали бензините, дизелот и екстра лесното масло ќе поскапат, ќе поевтинат или ќе останат на исто ниво. На светските берзи во моментов се забележува пад кај суровата нафта. Според последните достапни податоци, цената на брент нафтата изнесува околу 93,09 долари за барел, со пад од 2,38 ...

Од полноќ стапија во сила нови малопродажни цени на горивата во земјава. Според последната одлука, бензините бележат намалување на цените, додека дизелот поскапува. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 е намалена за два денари и сега изнесува 86 денари за литар. За два денари е поевтин и ЕУРОСУПЕР БС-98, кој од полноќ се продава по цена од 88 денари за литар. За разлика од бензините, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 1,50 денари по литар и од денеска ...