Двократниот европски шампион Вардар 1961 е близу до потписот со српскиот ракометар Никола Воркапиќ, кој во моментов настапува за Војводина. Според информации од српските медиуми и извори блиски на клубот, договорот е речиси финализиран и би требало да биде официјализиран во наредните 48 часа, што ќе го зајакне „црвено-црниот“ состав за вториот дел од сезоната. Никола Воркапиќ кој важи за едно од најдобрите српски крила, во последните три ...

Српскиот ракометен голман Милан Бомастар следната сезона ќе го брани голот на Вардар, објави српскиот портал „Моцарт Спорт“. Бомастар, кој моментално настапува за францускиот второлигаш Шартр, го напушта клубот по завршувањето на тековната сезона и се сели во Скопје, каде ќе го облече дресот на поранешниот европски шампион. Третиот голман на репрезентацијата на Србија во последните месеци добил повеќе понуди од различни клубови, но на крајот ...