Димко Митрев АД Велес лани остварил нето добивка од 181 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година истата е поголема за 40%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Друштвото за овој период има вкупен приход од 325.193 илјади денари и во однос на вкупниот приход во 2024 година, истиот е поголем за 9%. Вкупните расходи изнесуваат 324.683 илјади денари и во однос на вкупните расходи во 2024 година се поголеми за 8%. ...
Интернешнел Хотелс АД Скопје лани остварил нето добивка од 256 илјади денари, која е пониска во однос на претходната година кога изнесувала 1.453 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Вкупните оперативни приходи изнесуваат 94.519 илјади денари и бележат пораст од 11%, како резултат на зголемен обем на работење на домашниот пазар. Оперативните расходи изнесуваат 90.602 илјади денари и се зголемени за 12% во однос на ...
Вкупните оперативни приходи за 2025 година на Аутомакедонија АД Скопје изнесувале 479,8 милиони денари, што претставува намалување од 28% во однос на 2024 година, кога изнесувале 666,1 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Приходите од продажба за 2025 година изнесуваат 449,7 милиони денари, намалување од 31% во однос на претходната година и се остварени целосно на домашниот пазар. Намалувањето на приходите од продажба ...

