Тишина во училниците, пенкала в раце и погледи вперени кон тестовите. Матурантите продолжија да полагаат државна матура. Во неколку реда еден зад друг, под будното око на тестаторите и набљудувачите, го полагаа задолжителниот испит по мајчин јазик. Повеќе од 12 илјади ученици одговараа на прашања по македонски, албански, турски или српски јазик и литература. Тестовите треба да го измерат знаењето стекнато во изминатите четири години. Дел од ...
Штипските матуранти денеска го полагаат вториот задолжителен испит од државната матура – македонски јазик и литература. За 420 средношколци ова е уште еден важен чекор кон добивањето на дипломата и продолжување на образованието. По првиот испит одржан на 6 јуни, денеска тие повторно ги одмеруваат своите знаења според утврдениот распоред. Полагањето се реализира во просториите на УГД Штип на кампус два и четири. Според Снежана Санева, ...
Матурантите кои одбраа да полагаат државна стручна и државна уметничка матура, денес го полагаат својот задолжителен испит. На денешниот дел од полагањата, 2.276 кандидати се пријавиле за полагање државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура. Интересот за полагање на државна стручна матура, е најголем во средните стручни училишта. Учениците кои ги анкетиравме велат дека, полагањето не било воопшто тешко, а за стручна матура се ...

