Камион кој од внатрешноста на Македонија наводно носел текстилна стока за домaќинство во држава од Западна Европа се истражува како сомнителен транспорт со кој е можно да се транспортирала марихуаната за Србија, открива КОД во вечерашното издание. Во Србија при претресите кога беа откриени 5-те тона марихуaна биле најдени и предмети кои укажуваат на македонска конекција. Во КОД вечерва и интервју со двајца соговорници од Србија кои укажуваат ...
КОД со нови детали за патот на марихуаната најдена во Србија. Зошто Македонија е поврзана со огромниот склад со канабис кај Крушевац. Дали пред откритието на 5 те тона имало заедничка истрага за истата група, со соработка од двете страни на границата. Зошто медиумите во Србија мислат дека не само шверцерите со дрога туку и тамошната полиција е поделена на картели. КОД потсетува и на многу сличен случај- дека повеќе од две години трае предмет ...

