Фудбалерите на Милан со сигурна победа на домашен терен од 3-0 против Верона како дел од 17. коло од италијанската Серија А, ја заокружија на најдобар можен начин 2025 година. Домаќините до водство од 1-0 стигнаа во судиското продолжение од првиот дел со погодокот на Кристијан Пулишиќ. Во 48. Нкунку од пенал зголеми на 2-0, додека истиот фудбалер само пет минути подоцна стрелаше и за 3-0. До крајот мируваа мрежте, а „росонерите“ со овој ...

Еден од најдобрите македонски фудбалери на денешницата, Елиф Елмас и неговиот Наполи на победнички начин ја затворија 2025 година, откако денеска славеа на гостувањето кај Кремонезе со 0-2 во натпревар од 17. коло од италијанската Серија А. Херој за актуелниот шампион на Италијац беше данскиот интернационалец Расмус Хојлунд кој ги постигна двата погодоци за „наполитанците“ во 13. и во 45. минута. Елмас повторно беше стартер за својот тим и ...