Нацрт-извештајот на европратеникот Томас Вајц, кој ќе биде разгледан во Европскиот парламент, испраќа јасна порака: македонскиот пристапен процес е во застој, но вратата за членство останува отворена. Формулацијата дека „процесот на пристапување е сопрен“ се чита како политичко предупредување дека реформите не напредуваат со очекуваното темпо, а не како вовед во нови формални блокади. Високи извори во Министерство за надворешни работи ...
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, на 26 февруари ќе го презентира нацрт-извештајот за напредокот на државата пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ). Во документот Вајц бара од Европскиот совет јасно и недвосмислено да сигнализира дека има намера брзо и безусловно да ја донесе одлуката за влез во следната фаза од пристапните преговори, штом ќе бидат исполнети условите од заклучоците од јули 2022 година. Вајц ...

