Црна недела на македонските патишта. Млад живот згасна завчера во тешка сообраќајна несреќа кај местото викано Смилчинци. Дваесет и петгодишниот С.Т. од селото Нерав го загуби животот откако неговиот „Фолксваген голф“ удрил во куче скитник, по што возачот изгубил контрола и излетал во спротивната лента. Директниот судир со возило „БМВ“ бил фатален. Иако момчето било итно пренесено во кумановската болница, лекарите само констатирале смрт. „По ...
Млад возач загина, а три лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во близина на местото викано Смилчинци, во општина Старо Нагоричане. Од МВР информираа дека несреќата била пријавена во СВР Куманово околу 19:05 часот. Според првичните информации, патничко возило „Фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски таблички, управувано од 25-годишниот С.Т. од селото Нерав, ...

