Eкономско-социјалниот совет се состана. Разговараа. Се разидоа. Со еден договор – да продолжат да се договараат. Минималната плата повторно беше тема, но одлука – нема. Синдикатите бараат 600 евра за преживување, владата има формула за покачување, но во март, а работодавачите велат – може, ама не сега и не сами. И така веќе со месеци. Истите аргументи, истите ставови, истите изјави, исти плати. Само цените не останаа исти. Сите се „за“ ...

Некогаш Новогдишните и Божиќни празници ги чувствувавме уште пред да пристигнат – по звукот на поштарот. Во сандачето нѐ чекаше рачно напишана новогодишна или божиќна честитка, со препознатлив ракопис и топла мисла што патувала денови. Отворање на ковертот – мал ритуал што будеше голема радост. Денес? Неколку типкања по тастатурата, еден клик, една нотификација, една дигитална честитка што исчезнува меѓу стотици други. Светот се забрза, а со ...

Божик е еден настан и една порака – љубов, мир и заедништво, но христијаните го слават на различни датуми поради календарски разлики. Дел од земјите го празнуваат на 25 декември, други на 7 јануари, што создава поделени празници и чувство на неединство. Разликата е календарска, не суштинска. Заедничко славење на 25 декември би значело поголемо христијанско единство и јасна порака дека верата е над календарите. Дополнително, заеднички датум ...

Предновогодишните прослави од работа и журките со колегите се дел од празничната традиција. Декемвриските забави се во полн ек – полни локали, висока еуфорија и уште една чаша повеќе, со која лесно се преминува границата. Но, зад веселата атмосфера, алкохолот и опуштеното однесување, често се кријат сериозни ризици. Статистиките покажуваат дека токму во периодот на предновогодишните прослави расте бројот на сообраќајни несреќи, случаи на ...