Овој викенд започна пролетната полусезона во Првата ракометна лига со натпреварите од 15. коло. Ракометарите на Текстилец УГД во Штип пред верната публика запишаа висока победа од 37:30 над Преспа од Ресен. Мечот беше возбудлив и неизвесен со често менување на водството до 42. минута од мечот кога беше 23:23, по што штипјани започнаа да градат резултатска предност и стигнаа до високата победа од седум разлика. Јован Атанасовски беше најдобар ...

Ракометниот клуб Текстилец УГД од Штип за пролетниот дел од сезоната во Првата лига се засили со двајца нови ракометари кои доаѓаат од Велес. Се работи за левиот бек Лазар Стојанов и десниот бек Димитар Минов, кои ќе го носат дресот на Текстилец УГД во продолжението од сезоната. Новите засилувања веќе дебитираа за штипскиот клуб, откако настапија за Текстилец на првиот меч од пролетниот дел против Преспа, меч кој штипјани го добија со ...