Гинекологот акушер д-р Ненад Лазаров, кој работи во Државната болница во Скопје, јавно упати сериозен апел до граѓаните во врска со, како што наведува, организирана група лица кои се претставуваат како просјаци во кругот на Клиничкиот центар. Во својата објава, докторот посочува дека најчесто жртви се токму најранливите – сиромашни и изнемоштени луѓе кои доаѓаат во болниците со здравствени маки. Според него, станува збор за скромни граѓани ...

„Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе со секакви маки дојдени по болнициве, најчесто се жртва и даваат пари на овие хоштаплери што глумат просјаци и инвалиди, а не се. Луѓе за нив најверојатно делат од последните парички“, започнува апелот на д-р Ненад Лазаров, кој работи како гинеколог акушер во Државната болница. Доктор Ненад Лазаров работи како гинеколог акушер во Државната болница во Скопје и ...