Најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православни Македонци, како во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови Тирана, Корча, Подградец, Елбасан, Драч и други градови. На Велигден, Македонци во Албанија славеа со своите најблиски, во домашна атмосфера и со богата трпеза, додека прославата на празникот започна на Велики четврток уште пред изгрејсонце ...

Foto: Kisha Orthodhokse Autoqefale e Shqipërisë Воскресението Христово – Велигден, најголемиот христијански празник, свечено и масовно беше одбележан во Тирана, каде што голем број верници се собраа на празничната богослужба. Централната литургија се одржа во Соборен храм „Воскресение Христово“ храм каде присутните со запалени свеќи и молитва го одбележаа Христовото воскресение. Во текот на богослужбата беа упатени пораки за мир, љубов, ...