Сектор за внатрешни работи Велес апелира до граѓаните да бидат особено внимателни при комуникација со непознати личности и сите сомнителни случаи да ги пријават во полициска станица. „Имено, во текот на вчерашниот ден, во ОВР Неготино, евидентирани се два нови случаи на измами сторени на различни начини, при што две лица се измамени за суми од 3.000 и 4.000 евра. Граѓаните да бидат особено внимателни кога добиваат телефонски повици од ...

На 17.02.2026 во СВР Велес биле пријавени шест случаи на обиди за измами. Еден случај е пријавен во СВР Велес од 53-годишна велешанка, која пријавила дека машко лице се јавило на нејзиниот татко и му кажало дека неговата ќерка се здобила со тешки повреди, за што е потребно да се направи операција и побарал да донесе пари за интервенција во болница во Велес. Останатите пет случаи се пријавени во ОВР Неготино, каде лица на возраст од 69 до 78 ...