Станува збор за меѓународниот проект „Безбедни жици за загрозени птици“, кофинансиран во рамките на Програмата LIFE на Европската Унија, преку кој во следните пет години ќе се работи на заштита на глобално загрозените видови царски орел и египетски мршојадец во Македонија, Турција и во Бугарија. Се планира да се изолираат околу три илјади електрични столба за да се спасат царскиот орел и египетскиот мршојадец од струјни удари. Ќе се постават ...
Во Македонија се планира изолација на околу 3.000 електрични столбови и поставување околу 1.000 рефлектирачки уреди, познати како дивертери, на надземни далекуводи. Тие треба да ја направат мрежата повидлива за птиците и да го намалат ризикот од судири, особено во подрачјата каде што се движат, гнездат или презимуваат загрозени видови. Фокусот е на царскиот орел и египетскиот мршојадец, два вида што се сметаат за приоритетни за заштита во ...

