Општина Штип упати јавна покана до граѓаните да бидат дел од настанот „Велигденски игри без граници“, кој ќе се одржи на 11 април (сабота) со почеток од 12:00 часот во ЗОО паркот Бриони. Настанот се организира во чест на големиот христијански празник Велигден, а програмата е осмислена да донесе радост, насмевки и забава за најмладите, но и за сите генерации. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во креативни игри, дружење и празнична ...
Во пресрет на Велигденските празници, ЗОО паркот „Бриони“ во Штип се претвори во место полно со радост, детски смеа и вистинска празнична енергија. Општина Штип по четврти пат ги организира „Игрите без граници“, каде најмладите уживаат во дружбата, цртањето јајца и детските игри. Директор на ЈП Исар Александар Арсовски вели дека од година во година, паркот се развива со нови живеалишта и нови видови животни, што дополнително ја збогатува ...

