На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ сведочеше Ана Костадиновска, придружен вокал на групата ДНК, која кобната ноќ имаше концерт таму. Таа е редовен професор во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје и не била постојан член на групата. Меѓу друго рече дека никогаш не видела кој ги поставувал и кој ги активирал прскалките, поради кои настана пожарот. Рече и дека со ДНК настапувала последните четири-пет години и дека и на ...
Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство, во судницата во затворот „Идризово“ денеска продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во својство на сведок исказ даде Ана Костадиновска, придружен вокал на групата ДНК и редовен професор во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Таа истакна дека со години работи како придружен ...

