Четворица пациенти меѓу кои и најмладите кај кои беше потврдена западно- нилска треска денеска ја напуштија Инфективна. Седуммина нови сомнителни пак, биле примени на болничко лекување и за нив лекарите ги чекаат лабораториските резултати. Под медицински третман и надзор се 22 хоспитализирани меѓу кои и тројца кои се во многу тешка состојба кажа министерот за здравство кој денеска беше во посета на клиниката. Клековски вели за дел од болните ...
На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 21 пациент поради западно-нилска треска. Кај 18 од нив, вирусот веќе е потврден – соопшти попладнево на прес конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Шестмина од хоспитализираните се на интензивно лекување. Правејќи пресек на досегашната состојба, Клековски рече дека во државата има 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западно-нилска ...
Тројца сомнителни на западно-нилска треска кои се хоспитализирани на Инфективна ги чекаат лабораториските анализи а шестмина од заразените поради сериозните компликации се на одделот за интензивно лекување. Министерот за здравство информираше дека од 50-те досега потврдени случаи на вирусот, 25 веќе се на домашно лекување. Освен од Скопје, вчера имаше и прв заразен од Куманово кој е во тешка состојба а епидемиолошката анкета треба да покаже ...

