Тажната вест ја објавија од Градежен факултет: Денес, на 23 мај 2026 г. ненадејно почина проф. д-р Јован Јованов, професор во пензија на Катедрата за Виша Геодезија на Градежниот факултет Скопје при УКИМ. Посмртните останки ќе бидат изложени во 12ч во недела (24.05.2026г.) во капелата на гробиштата во с. Блатец, Виница, а погребот ќе биде во 14ч. Нека почива во мир. Тажната вест ја објавија од Градежен факултет: Денес, на 23 мај 2026 г. ...

Македонската и тетовската одбојка денес се збогуваа со Владимир Ѓорчески – Ципа, првиот капитен на одбојкарската репрезентација на Македонија. Ѓорчески попладнево беше погребан во своето родно Тетово. Владимир Ѓорчески во својата богата одбојкарска кариера настапуваше за Југохром, Работнички и Вардар, а интернационална кариера градеше во Барселона и Арис. За репрезентацијата на поранешна Југославија настапи на 48 натпревари, а по независноста ...

Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски е роден во 1949 година во Скопје и зад себе остави долга и богата професионална кариера во новинарството, дипломатијата и државните институции. Новинарската кариера ја започнал во Скопје, по што работел во агенцијата ТАНЈУГ како дописник од Австралија и Јужниот Пацифик, каде што активно ја следел и известувал за македонската дијаспора. ...