Иако состанокот во Белата куќа имаше за цел ублажување на тензиите, Данска и САД остануваат на спротивставени страни кога станува збор за статусот на Гренланд. Тоа е клучната порака по прес-конференцијата на данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен и министерката за Гренланд Вивијан Мотцфелд, одржана вечерва во Вашингтон. Сепак, беше избегнат целосен дипломатски колапс – беше договорено да се формира заедничка работна група ...
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, на прес-конференција во Вашингтон изјави дека Данска и САД имаат „фундаментални несогласувања“ околу судбината на Гренланд и најави формирање на работна група на „високо ниво“, заедно со САД, за да се испита дали е можно двете земји да најдат „заеднички пат“. Расмусен и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотцфелд, денес се сретнаа со потпретседателот на САД, Џ.Д. ...

