Цените на нафтата денеска бележат пад, откако зголемените изгледи за дипломатско решение на конфликтот меѓу САД и Иран го подобрија расположението на инвеститорите. Цената на нафтата „Brent“ се движеше околу 104,4 долари за барел, додека американската сурова нафта „WTI“ (West Texas Intermediate) изнесуваше околу 94 долари за барел, пренесува „Трејдинг економикс“. И покрај падот, нафтата останува на пат кон неделен раст од околу 14 отсто. ...

Производството на нафта во тој регион овој месец во просек е намалено за 14,5 милиони барели дневно. Од „Голдман Сакс“ веруваат дека по обновувањето на пловидбата низ Ормускиот теснец, ќе бидат потребни месеци за производството да се врати на нивото од пред конфликтот, пренесува „Данас“, повикувајќи се на ТАСС. Глобалниот пазар на нафта е под сè поголем притисок поради ситуацијата на Блискиот Исток, поради што цената на барел референтна ...