Осигурителниот сектор е во постојан раст. Лани се склучени полиси за осигурување во вкупна вредност од 290 милиони евра, што претставува раст од над 12 проценти на годишно ниво. За таквиот раст лани придонеле големите инфраструктурни проекти на државата, но и зголемениот интерес за приватно здравствено осигурување. Но, и покрај тоа, осигурителниот пазар во земјава е помалку развиен не само споредено со ЕУ, туку заостанува дури и во однос на ...

Иако осигурителниот пазар во Македонија е во континуиран раст, сепак бројките покажуваат дека застануваме зад европскиот просек. Граѓаните и фирмите минатата година за осигурување на домовите, автомобилите, животот, осигурување од незгода и сите други опции што ги нудат осигурителните компании, уплатиле сума од околу 290 милиони евра, додека во 2020 година биле уплатени 163 милиони евра. Секако, најголемо учество има осигурувањето од ...

Иако побавно од регионот, сепак осигурителниот пазар во Македонија се развива со солидно темпо. Вака може да се опишат состојбите во секторот за осигурување. Бројките од Агенцијата за супервизија на осигурување покажуваат дека граѓаните и фирмите лани уплатиле 291,6 милион евра за осигурување по различни основи. При тоа, уплатите во катергоријата на живот изнесуваат едвај 52 милиони евра, додека далеку поголем е уделот во сегментот неживот, ...