Јавните здравствени установи соочени со тужби од 1.800 вработени. Побаруваат над два милиони евра. Најмногу побарувања има од клиничката болница во Битола, а најголем број тужби имаат поднесено вработените од општата болница во Куманово. Загрижувачки е трендот за најава на нови тужби во здравството. Андријана Ѓурческа известува од ФЗОМ. Јавните здравствени установи соочени со тужби од 1.800 вработени. Побаруваат над два милиони евра. ...

Дури 1.822 вработени во јавните здравствени установи заклучно со декември лани, ги тужат своите работодавачи. Информацијата денеска ја соопшти директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски. Вкупниот износ на тужбените барања изнесува 134,6 милиони денари или околу 2,18 милиони евра. Тужби има од вработени во 62 од вкупно 108 јавни здравствени установи, а најчестата причина за тужбите е неисплатата на додатоци на плата ...