Откриен споменик во чест на радовишките борачи. Бистата е поставена на кружниот тек на булеварот Александар Македонски која ќе сведочи за пожртвуваноста, упорноста и љубовта на борачите кон БК ,,Бучим“ и Радовиш. Во присуство на голем број граѓани, сегашни и поранешни борачи беше откриена бистата која го симболизира зафатот на двајца борачи. „ Нека овaa Биста на борачи биде место на сеќавање, но и место на инспирација. Нека ги потсетува ...
Радовиш доби ново значајно спортско обележје, откако беше свечено откриена Бистата на борачите, посветена на една од најуспешните генерации во македонската спортска историја – шампионската екипа на борачкиот клуб Бучим Јака. Спомен-обележјето е поставено во чест на историскиот успех од пред 30 години, кога радовишките борачи се искачија на европскиот спортски врв, носејќи му голема гордост на својот град и на македонскиот спорт во целина. ...

