Не само загадување на водата за пиење во Струга, обвинителсството истражува и незаконита експлоатација на минерални суровини, поради што за две фирми од Велешта бараат забрана за ископите во близина на изворите кај Шум од кои Струга добива вода за пиење. Додека на терен собирале докази, истражните органи ги затекнале машините на двете фирми кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите. ...

