Никој не веруваше дека смртта на еден 25-годишен кинески градежен работник кој работеше на огромен соларен парк во Босна и Херцеговина (БиХ), ќе стане еден од најсериозните правни удари врз кинеските проекти во оваа земја на Западен Балкан, објави Радио Слободна Европа. Инцидентот на локацијата на Аурора Солар во близина на јужниот босански град Столац предизвика инспекција во која беа пронајдени 71 нелегални кинески работници во октомври. ...

Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, го информираше амбасадорот на Турција во земјава, Фатих Улусој, за планираните инфраструктурни проекти, а се отвори и прашањето за унапредување на соработката во делот на транспортниот сектор. Николоски нагласи дека Турција е значаен трговски партнер на Македонија, со потенцијал за зголемување на надворешно трговската размена и со значаен број турски инвестиции ...