Во препознатливиот амбиент на Офицерскиот дом во Битола, синоќа се одржа слушачка промоција на музичкиот проект „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, со која беше најавено неговото претстојно винилно издание. Настанот беше дел од празничната програма посветена на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола. Публиката имаше можност во посебна атмосфера заеднички да ги слушне музичките композиции зад кои стојат четворица истакнати музичари ...
-Ексклузивно слушање на материјалот од албумот „All Colors of M“ на 3 ноември во Офицерскиот дом, пред претстојната промоција на винилното издание. Градот има и своја звучна биографија. Ја пишуваат музичарите што израснале во него, средбите што ги овозможил и делата што продолжуваат да живеат далеку од местото каде што започнала нивната приказна. Во музичката биографија на Битола има автори и изведувачи чии кариери ги поврзуваат домашната ...

