37- годишниот Стефан Ивановиќ, кој боледува од церебрална парализа, стравува дека ќе остане без кров над глава. Тој пред неколку години бил принуден да го продаде својот стан по ниска цена за да замине на лекување во Киев, бидејќи неговата здравствена состојба нагло се влошила. Иако, по терапијата, здравјето му се подобрило, сега нема кров над глава и бара помош. Вели дека документите за социјален стан ги поднел уште пред две години, но ...
Додека институциите одлучуваат за социјален стан, 37-годишниот Стефан Ивановиќ живее во неизвесност. Тој е со церебрална парализа, без сопствен дом и со социјални примања. Од Министерството за социјална политика велат дека во ноември минатата година извршиле увид и утврдиле дека Стефан живее сиромашно и нема дом. Наодот кој ги содржи тие информации го доставиле до владината Комисија за станбени прашања, која треба да одлучи дали тој ќе добие ...

