Кочани, 2 март 2026 (МИА) - Во ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани денеска ќе се одржи промоција на новата збирка поезија „Отуѓеност“ од штипскиот автор Методи Бојаџиски. Промотор ќе биде драматургот Трајче Кацаров. „Отуѓеност“ е современа поетска збирка која ги обработува темите на емоционалната дистанца, оддалеченоста меѓу луѓето и личните преиспитувања во динамиката на современото живеење. Преку интимен и рефлексивен израз, авторот ја ...
Со сослушување на сведоци предложени од Јавно обвинителство, денеска во судницата во Идризово продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, пренесе МИА. На претходното рочиште сведочеа членови на бендот ДНК и преживеани посетители на клубот, кои ги раскажаа настаните од ноќта на 16 март минатата година, кога во пожарот животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Како сведок исказ даде придружниот вокал ...

