Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава за поранешниот градоначалник на Општина Чашка, Горан Стојановски. Тој се товари дека спротивно на законот на единаесет лица вработени во Општината им исплатил парични средства, иако не ги исполнувале условите врз основа на кои биле вршени исплатите. -СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С. (47) од Чашка поради постоење основи за ...
Поранешен директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ во Кочани, поранешен вработен и уште двајца вработени во претријатието добиле кривична пријава за злоупотреба на службената положба при јавна набавка со која, според наводите, бил овозможен противправен имотен бенефит од 1.406.306 денари, информира МВР. Пријавата до Основното јавно обвинителство Кочани ја поднела Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани ...

