Министерството за внатрешни работи (МВР) од утрово врши претреси во кафе барот Класик кој е во сопственост на Дејан Јованов, газдата на дикотеката Пулс во Кочани во која на 16 март 2025 година во пожар загинаа 59 лиѓе, а околу 200 се повредени. Освен во кафе барот Класик, кој ден по трагедијата во Кочани беше демолиран од страна на гневните, шокираните и ужалени граѓани, полицијата врши и претреси во подрачната единица на Државниот пазарен ...

Освен во објекти поврзани со газдата на т.н. дискотека „Пулс“ и кафулето „Класик“, Дејан Јованов-Деко, во Кочани, истрагата на Основното јавно обвинителство за трагедијата во Кочани, покрај Скопје, се прошири и во Виница. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Се “тресат“ бизнисите на Дејан Јованов-Деко, газдата на дискотеката во Кочани, МВР влезе и во кафулето „Класик“ Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека биле извршени претреси на пет локации во ...

На 25.03.2025 од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д.Ј., неговото возило „инсигниа“ и два угостителски објекти, како и во Државен пазарен инспекторат – Канцеларија Кочани. Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација. ...