Градежното чудо, автопатот Охрид – Кичево, уште долго ќе ја чуди македонската јавност. Зошто 57 километри се градат повеќе од 11 години? Дилема што ќе си остане да се прераскажуваат во легендата за овој зафат. Сепак добро е дека сега навистина се гледа крајот на градежната приказна. Конечно, навистина се работи и со примена на сложени инженерски решенија што за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот. А охрабрувањето дека ...
За доизградба на автопатот Охрид – Кичево, која што во меѓувреме е продолжена до крајот на 2026, сме се задоолжиле уште 40 милиони долари, пари за кои никој немаше да знае ако изминатите денови не беа објавени во извештајот на независниот ревизор за рабтењето на јавното претпријатија „Државни патишта“ за минатата година. Таму табеларно како нова информација е наведено дека во текот на 2024 е повлечен дополнителен заем од 40.316.690 долари ...

