Екипите на Ј.П. „Комуналец“ – Кавадарци деновиве интензивно работат на терен на чистење и уредување на речното корито на реката Луда Мара. Главната цел на оваа акција е целосно отстранување на насобраниот отпад, со што речното корито ќе стане почисто, поубаво и значително побезбедно од потенцијални поплави или загадувања. Од јавното претпријатие потсетуваат дека одржувањето на здрава и чиста животна средина е заедничка одговорност на сите ...

Во општина Кавадарци, поточно во населеното место Марена, официјално започнаа градежните активности за изградба на нов, модерен мост преку реката Луда Мара. Овој значаен проект ќе донесе големо унапредување на патната инфраструктура и поголема безбедност за сите жители во овој дел од кавадаречкиот регион. Проектот е веќе воведен во работа, а се реализира со финансиска поддршка од Министерството за транспорт во вкупна вредност од 12 милиони ...