Од околу 700 пријавени учесници во 2007 година до 15.040 тркачи од 63 земји годинава, Скопскиот маратон прерасна од спортска трка во масовно градско движење. Со доделување благодарници на партнерите и поддржувачите беше заокружено неговото рекордно 22. издание, но бројките покажуваат дека тркачката приказна на Скопје не завршува на целта. По истрчаните километри, освоените медали и бодрењето долж улиците, организаторите на Скопскиот маратон ...

Главниот град денеска повторно пулсираше во спортски дух со одржувањето на традиционалниот „Визер Скопски маратон“. Булеварите во Скопје беа преплавени со илјадници професионални атлетичари и рекреативци кои ги одмерија своите сили во маратонската, полумаратонската и трката на 5 километри. Покрај спортскиот и натпреварувачки мотив, и оваа година маратонот потврди дека е настан кој носи насмевки и позитивна енергија. По посебно забавната ...